Тешко повреден малолетник во сообраќајка меѓу трактор-четирицикл и „ауди“

стоп полициска лента / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Малолетник од Тетово е тешко повреден откако со трактор-четирицикл удрил во „ауди“.

„На 07.04.2024 во 22.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосницата од бул.„Илинденска“ со ул.„Ван Вардарска“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор – четирицикл „стил“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Тетово и патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(37) од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот констатирани во Клиничката болница Тетово“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот