Тешка железничка несреќа во Шкотска: Тројца загинати и шестмина повредени (ВИДЕО)

Фото: Twitter/James #conservative voice

Возот имал четири вагони, а патувал на линијата Абердин – Глазгов.

Најмалку три лица загинаа при излетување на патнички воз од шините на североистокот од Шкотска, меѓу кои е и машиновозачот, додека шест лица се повредени, објави денеска британската сообраќајна полиција.

„И покрај напорите на итната служба, три лица се прогласени мртви на самото место“, меѓу нив и машиновозачот, се наведува во соопштението и се додава дека шестмина се повредени и пренесени во болница. За нивните повреди се верува дека не се тешки.

Несреќата се случила во Стоунхејвен во Абердиншир.

Возот имал четири вагони, а патувал на линијата Абердин – Глазгов.

Шкотската премиерка Никола Старџен рече дека се работи за „многу тешка несреќа“ на подрачјето зафатено од поплави.

Британскиот премиер Борис Џонсон рече дека го „растажила веста за тешката несреќа во Абердин“ и дека неговите „мисли“ се со настраданите.

Чад се издигнувал над местото на несреќата во ридестиот крај, каде пристигнале возила на итната помош и хеликоптер, покажуваат снимките на Би Би Си. Самиот воз не се гледал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот