Тешка сообраќајна незгода на патот Куманово – Крива Паланка 

сообраќајка
Илустрација

На  08.02.2021 година, во 15:55 часот, на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка во  атар на село Псача, општина Ранковце, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „ман” со бугарски национални ознаки, управувано од Ф.П. (28) од с. Узем, кривопаланечко, и патничко моторно возило „фолксваген” со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(24) од с. Ранковце.

Во незгодата со повреди се здобил возачот на патничко моторно возило „фолксваген”, Д.А., и неговите сопатници В.М. (50) од с. Крстов Дол. и Ж.С.(28) од с. Ранковце на кои им е укажана лекарска помош во Здравствен дом Крива Паланка, додека на сопатникот М.Ц. (59) од с. Петралица му биле констатирани тешки телесни повреди од доктор во Здравствен дом Крива Паланка. Од страна на ОВР Крива Паланка е извршен увид на лице место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот