Тешка сообраќајна несреќа во Скопје, има и повредени

Вечерва, во центарот на Скопје, се случи тешка сообраќајна несреќа на крстосницата меѓу улиците Франклин Рузвелт и Теодосиј Гологанов.

Според сведоци коишто се нашле во близина, до несреќата дошло кога автомобил ,,Пасат”, со скопски регистарски таблички, удрил во две други возила. Од силината на ударот, се одбил и попатно соборил столбови на улицата.

Неофицијално, две лица се тешко повредени.

Увидот е во тек, а се очекува МВР да излезе со повеќе информации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот