Тенисерите без поголеми промени на најновата АТП ранг листа

Фото: mtftennis.mk

Македонските тенисери на денес објавената ранг-листа на АТП имаат минимални промени во рангот или пак со истиот број поени се наоѓаат на истата позиција.

Таква е положбата на најдоброрангираниот македонски тенисер Калин Ивановски, кој со 159 поени се наоѓа на 326. то место исто како и претходната недела. Горазд Србљак има пад за две позиции и сега е на 1057. то место со 17 поени, додека Обрад Марковски е на 1455. то место со 3 поени.

Во конкуренција на двојки Ивановски е на 676. то место со 71 поен (скок за едно место), а Берк Бугариќ е рангиран на 1353. то место со 16 поени (скок за едно место). Пад за шест места има Обрад Марковски и се наоѓа на 1766. то место со 7 поени, додека Елдин Хусеиновиќ е рангиран на 2130. то место со 3 поени.

Следната ранг-листа ќе биде објавена по завршувањето на Австралија опен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот