„Темните тајни на Универзумот“: Нобелова награда за тројца физичари кои ја истражуваа „црната дупка“ (ФОТО)

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Нобеловата награда за физика за 2020 година ја добија научници кои ја истражуваа „црната дупка“. Пола од наградата ќе оди за Роџер Пенроуз, а пола ќе делат Рајнхард Гензел и Андреа Гец.

Фото: EPA-EFE/Fredrik Sandberg / POOL SWEDEN OUT

Секретарот на шведската Кралска академија на науки, Јеран К. Хансон рече дека годинешната награда е за „темните тајни на универзумот“.

Фото: EPA-EFE/ESO/L. Calçada

Вчера беа објавени имињата на добитниците на Нобеловата награда во областа на медицината. Лауреати за оваа година се Харви Џ. Алтер, Мајкл Хјутон и Чарлс М. Рејс за нивнотои откритие на вирусот хепатит Ц.

Фото: EPA-EFE/Fredrik Sandberg / POOL SWEDEN OUT

За утре е најавена промоција на нобеловците во областа на хемијата, четврток е посветен за наградата за литература, а во петок и добитникот на Нобел за мир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот