Темелковски: Ќе се обидеме, но илузорно е да кажеме дека ќе го изненадиме Вардар

Ракометарите на Тинекс Пролет/фото: rkprolet.mk

Репрезентативната пауза е зад нас, а ракометарите на Тинекс Пролет денеска се враќаат во натпреварувачки ритам со дуелот на домашен терен против екипата на Вардар (18.30 часот, сала „Македонско Сонце“).

Дуелот со „црвено-црните“ доаѓа во тежок момент за Тинекс Пролет поради отсуството на неколку искусни првотимци, па тренерот Илија Темелковски се соочува со сериозен предизвик, да состави тим што би можел солидно да му парира на Вардар на денешниот дуел.

Фаворитската улога е препуштена на градскиот ривал, а желба на сите во таборот на Тинекс Пролет е тимот да се прикаже во што подобро светло пред наредните дуели со Мулти Есенс и со Голден Арт.

– Не е тајна дека Вардар е фаворит, говориме за тим кој е составен од квалитетни ракометари кои играат на највисоко ниво оваа натпреварувачка сезона. Илузорно е да кажеме дека ќе ги изненадиме, ние дефинитивно ќе се обидеме да го сториме тоа, но со оглед на отсуствата на дел од играчите шансите за тоа се навистина минимални. Не велам дека ќе се откажеме, наша цел е да излеземе на терен и да одиграме најдобро што знаеме, да му парираме на противникот што подолг период. Клучно ќе биде да не губиме топки во нападот и да дозволуваме лесни голови на спротивната страна, да одиграме добро и дисциплинирано, како во нападот, така и во одбраната – изјави Темелковски, кој по триумфот во Прилеп денеска повторно ќе го води тимот на Тинекс Пролет.

Во групата „Б“ Вардар 1961 е на второто место со 24 бодови, додека Тинекс Пролет е четвртопласиран со 15. Денеска и во групата „А“ ќе се одигра еден натпревар од 18.30 часот, а се среќаваат Охрид и Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот