Тематската забава за синот на Ким Кардашијан е сон на секое дете! (ФОТО)

Instagram

Второто дете на раперот Кание Вест и ријалити ѕвездата Ким Кардашијан, наполни 4 години, а славните родители на Сеинт дадоа се од себе да му приредат забава од соништата.

Малиот Сеинт Вест на 5 декември наполни 4 години, а деталите за неговата роденденска прослава останаа во кругот на семејството и блиските пријатели. Сепак, неговата мајка Ким Кардашијан (39) не издржа да не подели слики со фановите од креативната забава.

Таа фотографиите ги сподели на Инстаграм со своите 154 милиони следбеници. Забавата била одржана во нивниот семеен дом во Калабасас, Калифорнија, а темата била очигледна – диносауруси!

Славеникот Сеинт уживал во балоните во облик на тираносаурус-рекс, а исто така имало и бројни фигури од овие древни битија, корспи со перници кои личат на јајца од диносаурус. Дворот исто така бил полн со натписи и детали кои потсетуваат на сценографија од филмот „Jurassic Park“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот