Телеком Србија го престигна Хрватски телеком

мобилен телефон
Мобилни телефони / Фото: Unsplash

Со приходи од 820 милиони евра во 2020 година, Телеком Србија е на врвот на листата на 20 најголеми телекоми на Балканот, објави хрватскиот портал Медиа дејли, специјализиран за медиумска и телекомуникациска индустрија.

Во традиционалната Топ листа на 20 телекоми за 2020 година во однос на приходите, профитот и бројот на вработени, што годишно го прави овој портал, дојде до промена на самиот врв, пренесува Медиа дејли.

„Хрватски телеком повеќе не е број еден како во 2019 година“, наведува Медиа дејли во својата анализа и прецизира:

„Со приход од 820 милиони евра во 2020 година, Телеком Србија за првпат е на врвот на листата на 20 најголеми телекоми на Балканот. Хрватски Телеком забележа значителен пад на приходите, што го доведе до втората позиција, но сепак тоа се респектабилни 780 милиони евра (38 милиони евра помалку отколку во 2019 година). Позициите од третото до шестото место по приходи се уште го држат Телеком Словенија (трето место) А1 Хрватска (четврто) Теленор (петто) и А1 Србија (шесто). Меѓу нив, само Теленор (за два милиони евра) симболично ги зголеми своите приходи, додека другите забележаа пад“.

Како што покажа анализата на овој портал, вкупните приходи на 20-те најголеми телекомуникациски компании во регионот беа 5.448.525.346 евра и се пониски во споредба со 2019 година за приближно 105 милиони евра, пренесува Медиа дејли. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот