Театарскиот перформанс „Бура и продор“ ќе има изведба во КСП „Центар-Јадро“ во Скопје

Во перформансот шест актери чекаат телефонски повик

Перформансот „Бура и продор“ во режија на Теа Беговска произлезе од шестдневна работилница на Интернационалниот театарски фестивал „Скупи фестивал“, а премиерата на перформансот се одржа во рамките на фестивалот на 8 октомври.

Перформансот „Бура и продор“ се занимава исклучиво со актерската професија и со лични бури поврзани со актерството и театарот, прикажани преку разни драмски и комични ситуации, ставајќи акцент на изразувањето преку движење.

Во драматуршкиот опис на перформансот има театар, шест актери и еден телефон. Шест актери кои го чекаат својот повик. Чекајќи го повикот, секој од нив добива шанса да се соочи и да ја раскаже својата бура.

– „Бура и продор“ е перформанс кој говори за актерот, пред сѐ – човек кој бурно се носи и бори со своето време – стои во најавата на претставата.

Продуцент е Интернационалниот театарски фестивал „Скупи“, режијата е на Теа Беговска, а во перформансот играат актерите Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски и Дин Ибрахим.

Изведбата во КСП „Центар-Јадро“ во Скопје ќе се одржи на 31 октомври, со почеток во 20 часот. Бројот на посетители е ограничен на 60 гледачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот