Тажната судбина на Каваи Ленард

Торонто репторс вечерва (03 часот) има нова шанса за прв пат во историјата да триумфира во НБА лигата доколку го совлада Голден Стејт вориорс. Торонто води со 3:2 во победи, а работата им е олеснета по тешката повреда на ахиловата тетива на Кевин Дурант која ја заработи во претходниот натпревар.

Навивачите на Торонто надежите ги полагаат во Каваи Ленард кој игра фантастично во плејофот, а истовремено знае како се освојуваат титули. Ленард беше МВП на финалната серија во 2014 година кога Сан Антонио спарс триумфира над Мајами хит со 4:1 во победи.

Ѕвездата на Торонто кој е неверојатно скромен, има тажна судбина која сè уште го прогонува. Додека беше тинејџер, Каваи Ленард го загуби татка си. Во 2008 година, неговиот татко Марк беше убиен во сопствената перална за автомобили која се наоѓа во озлогласениот кварт во Лос Анџелес, Комптон.

Ни по 11 години, не се пронајдени убијците на неговиот татко, и нема напредок во истрагата иако полицијата се сомнева дека убиството е дело на опасните банди во Комптон.

– Убиството на  татко ми долго време не ми изглегуваше од глава, постојано мислев на тоа. Но, со годините, полека почнав да го потиснувам тој момент од својот живот. Кога ќе кажете „чувствувам притисок“, не е навистина точно. Имам чувство дека кошарката и животот се две сосема различни работи и треба да се ужива во моментите кои ни ги овозможуваат.  Ова е кошарка и се што треба да направиш е да излезеш, да играш и да се обидеш да победиш. Исто е и во животот, трагедијата е дел од мене но продолжувам да се борам секој ден – вели Ленард.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот