Тажна вест: Почина ценетиот уметник Стефан Георгиевски

Стефан Георгиевски / Фото: Фејсбук(МСУ)

Почина ценетиот уметник Стефан Георгиевски, а тажната вест ја споделија неговите соработници и пријатели од Музејот на современа уметност.

– Со голема тага ја примивме веста за заминувањето на нашиот долгогодишен соработник и пријател, Стефан Георгиевски.

Стефан беше вреден и посветен конзерватор кој се грижеше за колекцијата на Музејот во периодот од 1981 – 2016 година.

Почивај во мир драг колега, ти благодариме за се што научивме од тебе, стои во објавата на МСУ.

Георгиевски завршил Академија за ликовни уметности 1975 година во Љубљана. Тој важеше за еден од најталентираните уметници, а неговото вечно заминување е голема загуба за македонската уметност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот