Тажна вест од БиХ: Фудбалер почина на терен, клубот згасна

Фото: Screenshot/FB

Денеска тажна вест пристигнува од Босна и Херцеговина каде што фудбалерот на Турија, Ирфан Мешиќ (35) почина на натпреварот од 18. коло во Втората лига од Тузланскиот кантон Запад.

На овој натпревар екипата на Турија играше против Стјепан Поље, а натпреварот беше прекинат при резултат 1:1 во моментот кога Мешиќ доживеал срцев удар од кој подоцна починал во болница.

Во текот на својата кариера Мешиќ го носеше дресот на повеќе нисколигашки клубови. По неговата смрт од редовите на Турија соопштија дека го згаснуваат клубот поради овој трагичен настан.

„Скршени од болка и тешката сдубина известуваме дека ФК Турија автоматски престанува со работа. Секогаш го оставаше срцето на теренот и за малку за жал и на теренот ќе ја испуштеше душата брате Ирфане. Борбата ја загуби еден час подоцна во болница…и таму се бореше онака како што само ти знаеш, лавовски. Таков ќе те паметиме засекогаш“, стои во клупското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот