Таткото на ранетото момче: „На свадбата пукаше Џеват Адеми“

Таткото на момчето кое беше рането со пиштол на свадба во тетовска Мала Речица, пред околу еден месец кога беше повреден и синот на пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми, тврди дека инцидентот бил дело лично на високиот партиски функционер пренесува Алсат М.

„Остро ја демантирам невистината, неискрена и недостоинствена изјава на пратеникот Џеват Адеми, бидејќи самиот бев присутен на местото на настанот и ја видов целата ситуација со мои очи. Џеват Адеми како пратеник на таа забава, пукаше со пиштол. Првиот пат сам и тоа не еднаш, туку неколку пати. После тоа пукање, дојде негов роднина кој седна до него и по неколку минути и тој пукаше со пиштол неколку пати. После неколку минути, пукаа и двајцата со пиштоли и двајцата со своите пиштоли. Несреќата се случи откако ги вкрстија оружјата, синот на Џеват беше седнат пред Џеват Адеми, а син ми дојде и седна пред мене. Беше свртен вака и гледаше како пукаат. Во еден момент, тие разговараа меѓу себе со пиштолите во раце и пратеникот удри со пиштолот на маса. Видов дека го погоди својот син и како лекар станав од масата за да му помогнам на неговиот син. Кога стигнав, бидејќи бев на три чекори далечина, кога стигнав до синот на Џеват Адеми, мојот син ми рече, тато ме отепаа. Ова беше критичниот момент… Случајот е пријавен во надлежните органи од полициски инспектор, дадов изјава, но една недела не беа преземени потребните мерки, не беше повикан домаќинот на свадбата, не е притворен за да ја каже вистината што се случи на свадбата и што направија потоа”, изјави Јусуф Биљали, татко на едно од ранетите момчиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот