Таравари ја прифати поканата на Ковачевски за лидерската в понеделник

Алијанса за Албанците ја пифати поканата од премиерот Димитар Ковачевски и в понеделник ќе учествува на лидерската средба велат од Алијанса за „Слободен печат“.

-Алијанса за Албанците е сериозно посветена на евроинтеграцискиот процес и за тоа сме придонеле и во претходните фази, како гласањето за заклучоците за Францускиот предлог. Одлучни сме процесот да го помогнеме до крај – велат од Алијанса за Албанците.

Од партијата додаваат дека сите барања кои ги имаат, вклучително и барањето да се тргне формулацијата „20 отсто“ и таа да се замени со албански јазик, вршителот на должност претседател на партијата Арбен Таравари ќе ги изложи на лидерската средба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот