Таравари: Договорот СДСМ-ДУИ е идентичен со оној од 2017

арбен таравари
Арбен Таравари / Фото: Архива на „Слободен печат“

Како коалиција AА-AAA сме отворени за соработка со сите политички партии, граѓанскиот сектор, но и самите граѓани кои сакаат промена, транспарентност и правилно и чесно управување со општините, вели Таравари

По јавното објавување на коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ за локалните октомвриски избори, од опозициската коалиција на партиите на Албанците, Алијанса (АА) – Алтернатива велат дека се отворени за соработка со сите партии кои сакаат промена, транспарентност и правилно и чесно управување со општините.

– Договорот СДСМ-ДУИ е од формирањето на владата во 2020 година, и е идентичен со оној од 2017 година за локалните избори. Но, ете сега беше јавно објавено и разбрааа и другите коалициони партнери и сите граѓани. Анкетите и искуствата од сегашните градоначалници на коалицијата СДСМ-ДУИ, покажуваат дека главно тие се неуспешни и без кредибилитет кај граѓаните и во вакви оклности им е потребна соработка со народот за да се запре злото, нетранспарентноста,криминалоти корупцијата на локално ниво. Како коалиција AА-AAA сме отворени за соработка со сите политички партии, граѓанскиот сектор, но и самите граѓани кои сакаат промена, транспарентност и правилно и чесно управување со општините. Сме отворени и подготвени за соработка со сите за да ги донесеме промени за подобра иднина за сите –изјави генералниот секретар на АА, Арбен Таравари за „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот