Tапервер пропаѓа: Седумдеценискиот бизнис се бори за живот

Фото: Wikimedia

Акциите на Tапервер паднаа за речиси 50 отсто на почетокот на неделата, откако предупреди дека може да ја прекине работата. Во редовниот извештај, компанијата наведува дека нејзината иднина е неизвесна и дека постои „значителен сомнеж во способноста на компанијата да продолжи како континуирана активност“.

Посочија дека се работи со финансиски советници за изнаоѓање решенија за проблемите.

Тие напишаа дека нема да имаат доволно пари за нивните производствени операции и повеќе доколку не обезбедат дополнителни пари. Во согласност со тоа, се размислува за отпуштање на одреден број работници и намалување на бројот на имотите. И Њујоршката берза ги предупреди дека ќе бидат симнати од берзата доколку не поднесат годишен извештај.Тапервер се занимава со овој бизнис веќе 77 години, но во последно време не можат да „држат чекор“ со своите ривали.

Тие се обидоа да ја задржат својата популарност привлекувајќи помлади клиенти со помодерни производи, но очигледно тоа не беше доволно. Нивниот бизнис беше најмногу погоден од силниот пад на потрошувачите и фактот дека нивните корисници се претежно членови на постарата популација, објави Кликс.ба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот