Тамара, Викторија Лоба, Тони Зен и Диџеј Бугимен на петчасовен музички фестивал во Градски парк

Промотивниот плакат за „Crazy Summer Festival“ / Фото: Фејсбук, „CrazyLabs“

Петчасовниот музички фестивал „Crazy Summer Festival“ денеска, од 17 до 22 часот, ќе се одржува во Градски парк, кај Школка.

Фестивалот е организиран од страна на истоимената светска компанија за мобилни игри „CrazyLabs“. Влезот е бесплатен, а за посетителите на фестивалот ќе има богато мени со храна и ладни пијалоци. Ќе настапат Тамара Тодевска, Викторија Лоба, Тони Зен и Диџеј Бугимен.

Освен музичките настапи во петчасовната забавна програма, организаторите најавуваат и голем број игри и интересни изненадувања. За сите присутни ќе бидат достапни креативни и забавни предизвици, а за најсреќните и најактивните ќе следуваат вредни подароци.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот