Талески втор стрелец на Бенфика во финалето на португалскиот Суперкуп

Филип Талески („Бенфика“)/фото: Cátia Luía/SL Benfica

Во финалето на Супер Купот на Португалија екипата на Бенфика загуби од составот на Спортинг Лисабон со резултат 38:34.

Втор стрелец во редовите на Бенфика беше македонскиот репрезентативец Филип Талески со шест голови.

Од неговите тимски колеги поефикасен беше само Оле Рамел со седум голови.

На спротивната страна Мартим Кошта реализираше девет погодоци, а по седум Франсиско Кошта и Салвадор.

Претходно во полуфиналето во победата над Мадеира (37:31) Талески постигна два голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот