Талентираниот македонски репрезентативец Јакимовски оди во НЦАА лигата

Младиот кошаркар кој годинава дебитираше во сериорската репрезентација на Македонија, Андреј Јакимовски, во наредната сезона се сели во САД и ќе игра во универзитетската НЦАА лига.

Јакимовски кој оваа сезона ја помина во Италија, се согласи кариерата да ја продолжи во Вашингтон Стејт Универзитетот каде ќе има можност и да го продолжи своето образование, иако имаше понуди од уште неколку универзитети.

– Андреј е играч кој го следиме повеќе од една година. Му понудивме можност да игра во шампионската конференција, да добие добро образование и диплома, тоа е нешто што не можеше да го одбие. Тој е многу квалитетен кошаркар кој може да настапува на четири различни позиции, беше доминантен на натпреварите против своите врсници, воедно и се наметна како лидер во македонската младинска репрезентација. Исто така, Јакимовски е и добар ученик, има позитивен карактер и сигурно добро ќе се вклопи во нашата програма – изјави тренерот на Вашингтон Стејт, Кајл Смит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот