Такач: Проширувањето на ЕУ е од заеднички интерес

Политиката на проширување не би смеела да трпи заради излегувањето на Велика Британија од Европската унија, порача комесарот за Брегзит во Министерството за надворешни работи на Унгарија, Саболч Такач.

– Секако дека Брегзит има негативно влијание врз проширувањето бидејќи не можеме да зборуваме за ништо друго додека не го затвориме ова прашање. Политиката на проширување не би смеела да трпи заради Брезгит, рече Такач за ТВЦГ.

Тој изрази надеж дека новиот состав на ЕК ќе излезе со одржлив план за проширувањето.

– Тоа е во наш заеднички интерес, истакна Такач.

Според него, заеднички е интересот за прашањето за Брегзит да се најде вистински одговор, по можност прифатлив и за Брисел и за Лондон.

– Повеќе опции има на маса. Мислам дека е најважно тоа да биде опција прифатлива и со бенефити и за ЕУ и за Велика Британија. Се надевам дека тоа е можно. Унгарија е за фер Брегзит. најлошото сценарио е да нема договор, изјави Такач за ТВЦГ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот