Тајсон: Ѓоковиќ е мојот омилен тенисер, погледнете само како се врати по повредата

Новак Ѓоковиќ има девет титули на Австралија Опен / фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Легендарниот американски боксер Мајк Тајсон откри дека тенисот му го променил животот, а од тенисерите најмногу го обожава Новак Ѓоковиќ.

На тенисот се навикна преку неговата ќерка Милан која дури и тренураше со Серена Вилијамс и многумина тврдат пред пред нејзе има голема иднина.

– Тенисот ми го промени животот. Мислев дека знам за сè и дека конечно успеав во животот кога почнав да заработувам сериозни пари. Но, ништо од тоа не е поголемо од тениските успеси на ќерка ми. Таа е поголема од сè. Ја гледам дека прераснува нешто што никогаш не би го направила да не беше тенисот. Таа има голема самодоверба и тоа ми се допаѓа – рече Тајсон.

Поранешниот боксерски шампион истакнува дека сака да го гледа српскиот ас Ѓоковиќ кој моментно е прв светски рекет.

– Новак е мојот омилен тенисер. Погледнете само како се врати по повредата пред неколку години и како игра против Федерер или Надал. Тој е вистински борец – вели Тајсон.

Инаку, Тајсон неодамна се врати од пензија и имаше егзибициски меч, а медиумите шпекулираат дека во февруари би можел да му се спротивстави на јутјуберот Логан Пол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот