ВИДЕО | Тајната која се крие зад големиот хит на Дино Мерлин: Ѝ ги посветил стиховите затоа што „лудо“ ја сакал, таа го напуштила…

Фото: Insatgram/ dinomerlin

Босанскиот пејач Дино Мерлин одржа четири исклучително успешни концерти во Белград. Во неговите песни многумина се пронаоѓаат затоа што допираат и душа и срце, емотивни се, а малкумина знаат какви приказни, всушност, се кријат зад нив.

Токму еден од неговите најголеми хитови – „Мој је живот Швицарска“ (Moj je život Švicarska) крие вистинита приказна за една љубов од младоста на Дино Мерлин.

Дино Мерлин како момче бил многу сиромашен, но сакал една девојка која го напуштила и отишла во Швајцарија со богат маж, пренесува „Нова.рс“.

Кога се прославил, таа се вратила во Сараево поради него, а тој ѝ ја посветил оваа песна и стиховите: „Имам се што ќе посакам, само едно не, некој барем за момент да ме сака поради мене“ (Imam sve što poželim, samo jedno ne, da me neko bar na tren voli zbog mene).

Дино е роден на 12 септември 1962 година во Сараево, а вистинското име му е Ервин Делишхалидовиќ. Неговата животна приказна длабоко е исполнета со тага, предизвици и триумф.

Тој се родил во скромно семејство, кога имал само пет години татко му ги напуштил, пораснал само со мајка му. Со оглед на финансиските тешкотии, многу рано започнал да работи, дури и во фабрика, додека музиката секогаш била негова страст, со посебен акцент на гитарата.

„Јас немав благослов од моето семејство кога почнав да се занимавам со оваа работа. Мојата мајка никогаш не беше среќна со мојот избор, секогаш мислеше дека треба да бидам инженер или некој фин господин со вратоврска кој работи од седум до три. Но, мајка е мајка. Така што ми помогна да купам нова гитара, мислејќи дека таа моја гитара ќе ја свирам само едно лето и дека тоа брзо ќе ми помине. Мене тоа многу ме врза и сè повеќе свирав“, изјавил Дино Мерлин.

ВИДЕО | Дино Мерлин и Весна Змијанац приредија незаборавен момент во Белград: Мојата Тина Тарнер!

Избришана петицијата за влез на Дино Мерлин во Србија, објавено и официјално соопштение

Избришана петицијата за влез на Дино Мерлин во Србија, објавено и официјално соопштение

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот