Тајна американска единица испраќала српско оружје преку хрватскиот остров Крк кое завршило во Сирија и Јемен?

Фото: Принтскрин/ Википедиа

Милиони гранати и проектили со српско производство, продадени во САД, Саудиска Арабија и на приватните фирми кои ги застапуваат, наводно во последните три години завршиле во Сирија и Јемен, пренесува Индекс.хр.

Дел од оружјето било префрлувано  преку воздушното пристаниште на островот, во Хрватска. Во околниот воен магацински комплекс МОРХ, на Гроник, наводно била сместена и тајната американска единица „Task Force Smoking Gun“, која ги координирала и надгледувала пратките со оружје за Сирија.

Според овие информации, дел од оружјете, наводно завршило и во рацете на Хајат Тахрир ал-Шама, џихадистичка паравојска и поранешна гранка на Ал-Каеда во Сирија, а дел од оружјето завршило и во рацете на огранок на Исламската држава во Јемен, иако ова оружје не било превезувано преку Хрватска, јавува Индекс.

Целото ова го тврди бугарската истражувачка новинарка, Дијана Гајтанџиева, на специјализираниот портал „Arms Watch“, кој го основала, и тоа врз основа на мноштво на документи кои ги добила од непознат посредник, веројатно поврзан со српските државни воени фирми.

На споменатата страна се објавени купопродажни договори, интерни белешки, распореди на испораките ,фотографии, пописи за паркирање со сериски бројки на оружјето, дури и копии од пасошите на трговците со оружје и државните функционери од САД, УАЕ и Саидуска Арабија, кои ја надгледувале операцијата.

Гајтанџиева во својот голем извештај од три дела, следејќи ги сериските броеви на српското оружје кое го купила американската влада, успеала да ги идентификува исто така и во рацете на јеменски огранок на Исламската држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот