„Тајмс”: Секој над 50 години во Британија ќе има можност за имунизирање со трета вакцина против ковид-19 наесен

Ковид-19 Велика Британија
Ковид-19 Велика Британија / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Секој на возраст над 50 години во Велика Британија ќе добие можност да биде имунизиран наесен со трета доза вакцина против ковид-19 за целосно искоренување на заканата од инфекција до Божик, објави „Тајмс”.

Во моментов се истражуваат две опции, под раководство на главниот здравствен инспектор, Крис Вити, се вели во написот.

Првата вклучува вакцини специјално дизајнирани за борба против нови видови додека втората предвидува аплицирање на трета доза од некои од трите вакцини што се користат во моментов: Фајзер/Бионтех, Модерна или Астра Зенека/Оксфорд, објави весникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот