Тага во светот на спортот: Се самоуби светска шампионка во уметничко лизгање!

фото: твитер

Јуниорската светска шампионка во уметничко лизгање, Екатерина Александровскаја (20), која неколку години ги бранеше боите на Австралија, беше пронајдена мртва во Москва, а според првичните сознанија на полициската истрага, станува збор за самоубиство.

Во изјава за агенцијата „Тас“, неименуван извор во полицијата соопшти дека телото на Александровскаја е пронајдено во близина на нејзината куќа во руската престолнина и дека, поради претрпена физичка повреда, спортистката уште од претходно се обидела да си го одземе животот.

20-годишната Александровскаја е поранешна руска репрезентативка, а од 2016 година се натпреваруваше под австралиското знаме. Ја освои светската јуниорска титула во 2017 година заедно со нејзиниот австралиски колега Харли Виндзор.

Тие исто така го освоија јуниорскиот Гран-при истата година, а трипати триумфираа на првенството во Австралија – во 2017 и 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот