Голеада во Вилјареал (ВИДЕО)

Вилјареал и Барселона им приредија вистинско гол шоу на гледачите на Ел Мадригал постигнувајќи дури осум голови. Натпреварот на крајот заврши без победник 4:4. Иако Барселона поведе со 0:2, на крајот Лионел Меси и Луис Суарез со голови во судиското продолжение го спасуваа каталонскиот клуб од пораз.