• Распишана

Приведен 24-годишник од Валандово по распишана потерница

Полициски службеници од Оперативен тим потраги – Скопје вчера во 16.30 часот го лишиле од слобода Н.А.(24) од Валандово, за кого била распишана централна потерница за доиздржување затворска казна. Дваесет и четиригодишникот бил приведен  во местото Горно Село во општина Богданци и бил спроведен во Казнено-поправната установа затвор Гевгелија на доиздржување на казната.