Пламна пожар кај Универзална сала

Пожар избувна утрово во стан од зграда на улицата Христо Смирненски кај Универзалата сала во Скопје. Во скопската противпожарна единица пожарот е пријавен во 9.40 часот. Поради брзата реакција на полицијата и противпожарната служба пожарот е ставен под контрола, а причинита за пожарот засега не е позната.