• пријателски натпревар

ВИДЕО: Србија со комичен автогол ја совлада Унгарија

Селекцијата на Србија ја совлада Унгарија со минимални 0:1 во пријателски натпревар кој се играше во Будимпешта. Единствениот гол на натпреварот го постигна Жолт Наѓи во 35 минута. Ова беше прв контролен натпревар за селекцијата на Србија по обезбедувањето пласман на Мундијалот во Катар, а за четири дена ќе играат пријателски натпревар против Данска.