Македонија до 17 години убедлива против Малта

У17 македонскиа фудбалски надежи во вториот дел го скршија отпорот на Малта/Фото: ФФМ

Младата репрезентација на Македонија до 17 години го одигра вториот контролен натпревар против соодветната селекција на Малта и успеа да издвојува убедлива победа со 3:0. Првиот пријателски натпревар помеѓу овие две селекции заврши нерешено 1:1.

Нашите млади фудбалери, на тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје одиграа многу подобар меч од првата контролна пресметка и во второто полувреме успеаја да го скршат отпорот на селекцијата на Малта, постигнувајќи три гола.

Противникот во поголемиот дел од првото полувреме беше сконцентриран на одбрана на својот гол, чекајќи прилика од против напад. Играчите на Тони Јакимоски немаа одговор и идеја за таквата поставеност, не успеавме да се заканиме посериозно по нивниот гол. Тео Николовски имаше една добра прилика, биеше од далечина, но непрецизно.

Во продолжението одигравме одлично, решително и со поголема мотивација. Никола Величковски погоди за 1:0 во 53. минута од мечот. Веќе во следниот наш напад, Кире Стојанов погодува за 2:0. Мартин Ѓоргиевски асистираше за првите два гола. Конечните 3:0 беа дело на Умерфарук Сулејман.

Контролен дуел, репрезентации до 17 години, Скопје;

Македонија: Давид Стојановиќ, Андреј Аризанкоски, Марко Стојилевски, Даниел Марковски, Матеј Јаневски, Мартин Ѓоргиевски (к), Никола Величковски, Адриан Зенделовски, Кире Стојанов, Мухамед Елмас, Зани Назифи;

Резерви: Диел Доко, Симеон Здравковски, Хадис Таири, Ѓорге Џеков, Тео Николовски, Дестан Адили, Амир Нухија, Александар Богданоски, Кире Стојанов;

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот