Министерот Алиу лично мисли дека мозоците во САД се извезени по протокол, а три дена ниедна институција не може да го покаже протоколот
Министерот за здравство Азир Алиу лично смета дека мозоците кои биле извезувани за научни истражувања на Универзитетот Колумбија во Њујорк биле извезени по протокол, иако нема ниеден доказ и ниеден документ во јавноста. Слободен печат се обрати и на Универзитетот и во македонските институции каде што го побаравме протоколот, меморандумот, сите достапни документи од проектот …

