• хорника

Медицинска сестра добивала закани од сопруг на пациентка

Во штипската Клиничка болница вчера медицинска сестра добила закани од сопруг на пациентка. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека случајот кај нив е пријавен од страна на болницата. -Поради недоразбирање за закажан термин, сопруг на пациентката Е.М. се однесувал агресивно и упатувал закани кон медицинска сестра, која била на работното место. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава- вели Панајотова. Таа информира дека вчера на работно место бил пријавен и пекар кој се здобил со повреди на работа во Свети Николе. …

Медицинска сестра добивала закани од сопруг на пациентка Read More »