Медицинска сестра добивала закани од сопруг на пациентка

Фото: МИА

Во штипската Клиничка болница вчера медицинска сестра добила закани од сопруг на пациентка.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека случајот кај нив е пријавен од страна на болницата.

-Поради недоразбирање за закажан термин, сопруг на пациентката Е.М. се однесувал агресивно и упатувал закани кон медицинска сестра, која била на работното место. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава- вели Панајотова.

Таа информира дека вчера на работно место бил пријавен и пекар кој се здобил со повреди на работа во Свети Николе. Станува збор за 53 -годишниот М.Т, кој веднаш бил пренесен во штипската Клиничка болница, а увид во пекарата извршила екипа на Полициска станица од Свети Николе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот