Гатузо останува на чело на Милан

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, останува на функција, објавија италијански медиуми. По поразот од Торино со 0: 2 синоќа во натпревар од 34-тата рунда од Серија „А”, Гатузо имаше средба со раководството на клубот. Состанокот траеше околу еден час, по што беше одлучено дека Гатузо ќе остане тренер на тимот.