Во јубилејната година Кинотеката ја објави монографијата „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“
Во Кинотеката на Македонија на 27 февруари беше промовирана монографијата „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“. Директорот на Кинотеката, Бошко Грујоски посочи дека развојот на македонската кинематографија во изминатите седум децении бележи континуитет од филмски наративи, авторски остварувања, стилски и естетски трансформации, како и постепена надградба на продукцискиот процес. Промотори на изданието беа …

