МВР за еден ден казни 385 граѓани

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 385 прекршоци, информираат од Министерството за внатрешни работи. Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.