Таен состанок во Берлин за Косово

Фото: Профимедиа

Соработниците на Косовскиот премиер Рамус Харадинај, Авни Арифи и Селим Селими, како и авокатот Мајкл О, Рајли во средата тајно се сретнале во Берлин со Марко Ѓуриќ, шеф на српската канцеларија за Косово. Тајната средба како што пишува РТК наводно била организирана од страна на официјални лица на германската Влада.

На состанокот биле присутни и претставници на Франција и Германија но не и на САД. Според непотврдени извори состанокот бил фокусиран на формирање на Заедницата на српски општини и дека Харадинај се согласил со тоа но тој да има извршна власт над неа, како главен компромис за постигнување конечен договор со Србија.

Според ова сценарио Србија не би морала да го признае Косово де јуре или да воспостави дипломатски односи, но би го признала Косов како де факто сопствена територија.

Копретсдавачот на косовскиот преговарачки тим Шпенди Ахмети не знае за било каков состанок во Берлин, како ниту официјални претставници на Косовскот МНР.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот