Тачи: Дијалогот Косово-Србија е пропаднат ако не се стави на маса заемното признавање.

Претседателот на Косово, Хашим Тачи денес изјави дека дијалогот Косово-Србија има смисла само доколку се разговара за меѓусебното признавање.

Тачи по омажот по повод 31-годишнината од смртта на националните херои на Африм Житија и Фахри Фазлиу рече дека би било целосно бесмислено да се продолжи дијалогот со Србија ако не се договори заемното признавање.

„Нагласив дека дијалогот има значење само ако предлогот за меѓусебно признавање биде ставен на маса, во спротивно е целосно бесмислен, целосно непотребен и пропаднат, како и во корист на Србија вака како што се одвива“, рече претседателот Тачи.

Со начинот на кој се одвива досегашниот дијалог не е задоволен ниту лидерот на владејачката партија, ЛДК, Иса Мустафа.

„Со однесувањето на Србија, од една, и ЕУ, од друга страна, дијалогот го губи своето значење. Како одминува времето, тој сè повеќе станува инструмент на Србија за да купи време да своите злосторства да ги однесе во заборав.“ напиша Мустафа на Фејсбук.

Во четвртокот во Брисел се одржа технички состанок меѓу Косово и Србија.

Владата на Косово преку соопштение за јавноста објави дека со посредство на специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Косово-Србија, Мирослав Лајчак, косовската делегација, предводена од државниот координатор Скендер Хисени, се одржа во Брисел.

Претставниците на делегациите разговараа за решавање на финансиски побарувања и имотни проблеми меѓу двете земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот