СЗО ПОРАНО ТРЕБАШЕ ДА ПРОГЛАСИ ПАНДЕМИЈА: Канадски експерт открива зошто тоа сепак ќе има позитивен ефект

Фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Светската здравствена организација (СЗО) прогласи пандемија на коронавирусот и повика на итни и агресивни мерки ширум светот, пишува српски „Курир“.

Но глобалната здравствена агенција и понатаму смета дека оваа пандемија на коронавирусот може да се контролира.

СЗО го има последниот збор за тоа дали светските епидемии достигнале пандемиски размери. Но, тоа не е сувопарно прашање. Епидемијата на САРС-от од 2003 година никогаш не прогласена за паднемија, иако се прошири во 26 земји, а релативно брзо беше спречена.

Прогласувањето на пандемија на СЗО не му дава дополнителни овластувања, но укажува на тоа дека здравстениот орган повеќе не верува дека болеста е заразна само во одреден регион или земја. Тоа исто така сигнализира дека земјите треба да се фокусираат на соочување со Ковид-19, наместо на мерките за зашитита, како што се рестриктивните проверки на патниците и изолацијата.

Специјалистот за заразни болести во Торонто, д-р Исак Богоч, вели дека експертите неколку недели веруваат дека вирусот е на ниво на пандемија. Рече дека е интересно тоа што СЗО чекале толу долго, но дека најавувањето и така е „главно неважно“.

Но, употребата на терминот пандемија може да ја го засили алармот поради вирусот и тоа не е лошо, вели авторот на книга за психологија на пандемиите.

– Ако нешто наречете пандемија, тоа ја засилува анксиозноста и би можело да доведе до преголема анксиозност кај некои луѓе. Но некој степен на анксиозност е добар, бидејќи луѓето ќе се мобилизираат да прават чекори за подобро да се заштитат – вели Стивен Тејлор, професор по психијатрија на Универзитетот во Британска Колумбија и клинички психолог.

Тој рече дека еден од предизвиците на СЗО во објавувањето на соопштението денес е дека дефицинијата на пандемија е „нејасен концепт“. Не постојат поставени критериуми за бризината, обемот или сериозноста кои се активираат за нарекување на заразните болести пандемии.

Меѓу најлошите пандемии на светот се онаа со ХИВ, која трае уште од прогласувањето во 1981 година, шпанскиот грип 1918-1920 година кој усмрти околу 50 милиони луѓе и зарази 500 милиони, мали сипаници 1870-1875 година во кои загинаа повеќе од 500.000 и бубонската чума или Црната смрт која уби околу 30 милиони луѓе во периодот од 1347-1352 година.

Најновата пандемија беше грипот Н1Х1 или свински грип во 2009 година, за која научниците веруваат дека усмрти околу 203.000 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот