СЗО ќе ги преименува мајмунските сипаници за да ја намали стигматизацијата на болеста

Вакцинација против мајмунски сипаници / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Светската здравствена организација (СЗО) планира да ги преименува мајмунските сипаници во „сипаници” во обид да ја намали стигматизацијата за оваа болест.

Одлуката би можела да биде објавена уште денеска, откако во летото беше постигнат првичен договор СЗО да ги разгледа предлозите за ново име за мајмуните сипаници.

Предложеното преименување доаѓа под притисок на американската Влада, која бара од СЗО да преземе брза акција за отстранување на стигматизацијата околу името на болеста.

Високи функционери во администрацијата на претседателот Џо Бајден приватно ги повикаа лидерите на организацијата да го променат името и навестија дека САД се подготвени да дејствуваат еднострано по ова прашање доколку СЗО не дејствува доволно брзо.

Администрацијата на Бајден со месеци се грижи дека името на болеста ја продлабочува стигмата, особено меѓу обоените луѓе, и дека бавното движење кон ново име ги попречува напорите за вакцинација што американските власти ја почнаа летото, откако мајмунските сипаници претходно се проширија во САД, изјавија цитираните извори.

Здравствените експерти и ЛГБТ активистите, исто така, повикаа на промена на името дадено на болеста од нејзиното откривање во 1958 година. Тие велат дека името мајмунски сипаници е неточно, поврзано со расистичките стереотипи за Африка и има штетен ефект врз глобалните напори за борба против болеста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот