Светската премиера на документарниот филм „Патување пеш“ во Њујорк помина со извонредни критики

Екипата на филмот на премиерата во Њујорк

Премиерата на новиот документарен филм „Патување пеш“ (The Walk) на македонската режисерка Тамара Котевска се одржа на 9 ноември во Њујорк, во рамките на програмата на „DOC NYC“, најголемиот американски фестивал за документарни филмови.

Веднаш по премиерата, „Холивуд Репортер“ за филмот објави извонредна критика која буквално го отсликува патувањето на Тамара и нејзината филмска екипа.

„Тамара со својот втор филм го насочува вниманието кон главната приказна што се одвива пред сите нас, глобалната бегалска криза. Иако темата овојпат е подиректно политичка, режисерката ја филтрира низ креативна леќа, обликувајќи го она што таа го нарекува бајка. Како и сите добри бајки, филмот нуди засилена верзија на реалноста, спојувајќи го фантастичното со секојдневието“, објави „Холивуд Репортер“.

Екипата на филмот на премиерата во Њујорк

Филмот е посветен на бегалците од Сирија и Палестина, сниман е две години на територија на повеќе од 10 земји, помеѓу Сирија на исток и Обединетото Кралство на запад, како и на бреговите на Јужна Африка. Во реализацијата на филмот учествуваат и монтажерот Мартин Иванов, кинематограферот Самир Љума и композиторот Дуке Бојаџиев.

Главен продуцент на филмот е „Grain Media“, една од најголемите британски филмски компании фокусирана на документарните филмови. Македонски копродуцент е „ОХО Продукција“, a филмот е поддржан и од Агенцијата за филм на РСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот