Светската економија ќе доживее колапс доколку Градот Лондон го запре перењето на пари?

Фото: Профимедиа

Николас Вилсон смета дека капитализмот се потпира на „валкани пари“ кои ги придвижуваат и поддржуваат инвестициите ширум светот.

Светската економија би доживеала колапс ако градот Лондон го прекине перењето на пари кое се случува таму, вели аналитичар на банката „HSBC“, а пренесува „Телеграф бизнис“.

Велика Британија треба да ја напушти Европската унија подоцна овој месец, но нема знаци дека банките ќе го напуштат Лондон, што беше едно од главните тврдења пред референдумот за Брегзит.

Но, дали тркалата на британската престолнина и понатаму се тркалаат само со перени пари?

Николас Вилсон, аналитичарот за финансиски услуги кој го загби спор поради тоа што изложи милони фунти за неправедни надоместоци за купувачите, тврди дека Градот Лондон се потпира на „валкани пари“ и вели дека светската економија би се срушила доколку Градот престане со перење на пари.

– ЕУ сакаше да го заостри перењето на пари и Велика Британија беше единствената земја која гласаше против тоа – додава Вилсон.

Смета дека капитализмот се потпира на „валканите пари“ кои ги придвижуваат и поддржуваат инвестициите ширум светот.

Извештајот на Центарот за банкарски истражувања минатата година направи „розевова“ слика на лондонскиот пост-брегзит.

Коавторката на извештајот, професорката Барбара Лукац напиша:

– Лондон и понатаму ќе биде клучен играч во глобалната индустрија за финансиски услуги и пазарите на капитал по Брегзит. Меѓутоа, на некои од операциите, способностите и маржите ќе влијае политичката несигурност во регулацијата која е основа на процесот на брегзит – смета таа.

Сепак, некои од работите денес се различни. Банките ќе можат да продолжат со овозможување услуги за време на преодниот период, кој ќе започне на 1 февруари, но тие ќе ги загубат своите права кои им овозможуваат да нудат услуги на клиенти од 27-те држави во Европската Унија.

Единствено можно решение е банките од Велика Британија да основаат подружници во државните членки на ЕУ и да поднесат барање за пасошка дозвола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот