Световни искри за двајца ѓакони: Се степаа свештеници во Грузија, десетмина паднаа од балкон на втор кат

Десет лица паднаа од балкон на вториот кат, при што шестмина се повредени за време на тепачката во епархијата Чкондид во Мартвили, Грузија, јави телевизијата „Рустави2“. Грузиското Министерство за внатрешни работи започна истрага за инцидентот.

Според телевизијата, состанокот зад затворени врати, кој го водел новиот митрополит Стефан, прераснал во тепачка, на која претходела кавга меѓу свештенството.

Новиот митрополит на Чкондид и Марвили, владиката Стефан, го суспендираше ракополагањето на двајца ѓакони во првосвештеници, по што избија судири меѓу епархиските власти. Следувала расправија меѓу свештенството и верниците, кои се обидувале насилно да влезат во просторијата каде бил состанокот, по што мешаницата се префрлила на балконот на вториот кат од зградата. Дрвената ограда на балконот во еден момент попуштија под притисокот и се урна, при што десет лица паднаа. Меѓу нив има новинари и оператори на грузиски телевизиски компании. Повредените се хоспитализирани и ниту еден од нив не е во животно загрозувачка состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот