Сведоштво од болница во Њујорк: „Немате време да сфатите дека пациентот починал, а респираторот веќе мора да оди кај друг“

Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Медицинска сестра вработена во болницата Елмхрст во Њујорк опиша колку брзо се менува состојбата на пациентите заразени со коронавирус.

– Ситуацијата е застрашувачка бидејќи иако луѓето се болни, делуваат стабилно. Потоа пред вашите очи доаѓа до колапс и за неколку минути пациентот е починат – опиша медицинска сестра од САД, а пренесе „Србија данас“.

Сестрата наведува дека гледале, потполно беспомошни, заедно со уште двајца лекари, како пациентите умираат од последици од компликации на заразата со коронавирус.

– Иако го реанимирате срцето, тие не можат да дишат и не поминува ниту минута, немате време да сфатите дека се загубиле пациент, некој доаѓа и го зема респираторот. И потоа следниот пациент е во критична состојба – раскажува медицинската сестра.

Гувернерот на сојузната американска држава Ендрју Куомо веќе зборуваше за стресот низ кој минуваат вработените токму во оваа болница на прес-конференција за медиумите.

Минатата недела, градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио рече дека болницата Елмхрст го трпи најсилниот удар и дека многу од болничкиот персонал е упатен таму да работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот