Сутлијач торта – инспирана од традиционален рецепт

Фото: Unsplash

Сутлијач или сутлијаш е вид сладок десерт што се добива со варењето на ориз во млеко. Откако оризот убаво ќе се свари се додава шеќер, цимет, ванилин екстракт или шеќер. При сервирање овој традиционален десерт се збогатува со суво или свежо овошје, чоколадо или мед. Доколку сте љубител сутлијач оваа торта со сигурност ќе ви се допадне.

Состојки:

– 180 грама брашно
– 75 грама шеќер
– 3 јајца
– 125 грама путер
– 350 грама цреши од компот
– 600 грама сутлијач
– 2 лажици сок од цреши
– 3 лажици презла

Подготовка:

Измешајте ги брашното, путерот, шеќерот и едно јајце. Посолете и ставете ја смесата во подмачкан огноотпорен сад. Избоцкајте го тестото со виљушка, посипете со презла и одозгора ставете ги црешите.

Со миксер изматете 2 јајца, сокот од вишни и 600 грама сутлијач. Ставете ја смесата во огноотпорниот сад и печете 40 минути на температура од 200 Целзиусови степени.Декорирајте со шеќер во прав.

Добар апетит!

Чоко-кокос колач – десерт кој го подобрува расположението

Рецепт на Дијана Иваноска – закрепнувачки потаж од тиква

 

Југословенски рецепт за кох, колач кој го обожаваше цела Југославија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот