Суперлига: РК Алкалоид броеше до 47, Еурофарм Пелистер рутински со Голден Арт

Нови суперлигашки бодови за РК Алкалоид/фото: facebook.com/rkalkaloid

Екипата на Алкалоид запиша нова убедлива победа во домашната Суперлига откако го совлада МРК Куманово со 47:16.

Дарио Кофилоски беше најефикасниот играч со 11 постигнати погодоци во победничките редови, а по пет постигнаа Александар Стојков и Мартин Серафимов. На спротивната страна Вучко Мрвовиќ петпати се запиша во листата на стрелците.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја запишаа осмата победа во шампионатот, откако во вториот натпревар од деветтото коло во Скопје го надигра Голден Арт со 18:31.

Иако битолчани играа без Кизиќ, Велковски и Хосни, беа пресилни за новиот суперлигаш. Ненад Костески беше најрасположен кај Еурофарм Пелистер со седум погодоци, а на спротивната страна Марко Трајковски со четири.

На табелата во групата „А“ првопласиран е РК Алкалоид со 24 бодови, колку што има и Вардар 1961, но „црвено-црните“ имаат еден меч помалку.

Играчите на Ларс Валтер во групата „Б“ се на првата позиција со 25 бодови, осум повеќе од Тинекс Пролет кој својот натпревар ќе го има в недела на гостувањето кај Еурофарм Пелистер 2 кој ја дели третата позиција со Тиквеш со по 16 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот