Судот во Киев нареди апсење на Порошенко

Петро Порошенко
Петро Порошенко / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Судот во Киев нареди апсење на поранешниот украински претседател Петро Порошенко, пишува Ројтерс.

Апсењето е наредено по обвинението за предавство поднесено од Украинското национално биро за истраги, а медиумите објавија дека државниот обвинител бара апсење на Порошенко, со можна кауција од 37 милиони долари.

Адвокатот на Порошенко, Илја Новиков, на прес-конференција не ја потврди оваа судска одлука.

Петро Порошенко, кој сега е лидер на Европската партија за солидарност, моментално е надвор од земјата и се очекува да се врати по кратка пауза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот