Судење „Ласкарци“: Заштитната ограда не била соодветно поставена за да може да издржи тежина на еден автобус

Градежниот вештак рече дека заштитната ограда не била соодветно поставена за да може да издржи тежина која што ја има еден автобус и со тоа  да се избегне превртувањето на автобусот во провалијата. 

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска со вкрстено испитување на градежниот вештак од страна на одбраната на обвинетите започна судскиот процес за предметот „Ласкарци“.
Одбраната поставуваше прашања за брзината, аголот и силата што би ги поднела оградата за да го спречи автобусот да излета од патот.
Вештакот потврди дека се утврдени неправилности при изготвувањето на тој дел од патот, како и дека потоа не е соодветно одржуван.

Градежниот вештак рече дека заштитната ограда не била соодветно поставена за да може да издржи тежина која што ја има еден автобус и со тоа  да се избегне превртувањето на автобусот во провалијата.  Дополнителен проблем за несреќата била брзината со која се движел автобусот на Дурмо – турс. Од друга страна, вештакот не се согласи со одбраната дека на секое небезбедно место кое се граничи со провалија треба да има поставено бетонска ограда.

По испрашувањето на вештакот, обвинителството ќе продолжи со изнесување на докази. Во тешката сообраќајна несреќа кај Ласкарци што се случи пред една година, починаа 16 лица, а 37 беа повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот