Студот ја принуди Украина да воведе нови рестрикции за струја

Фото: Profimedia

Државната украинската електроенергетска компанија Укренерго објави дека воведува нови рестрикции на електрична енергија поради студеното време.

„Поради заладувањето, неопходни се нови намалувања на потрошувачката на електрична енергија. Имено, поради постуденото време се зголемува потрошувачката на електрична енергија, што доведува до зголемено оптоварување на опремата и недостиг на електрична енергија во системот”, објави Укренерго во соопштението за медиумите. .

Редукциите на електричната енергија, кои зачестија по силните руски ракетни напади врз украинската енергетска инфраструктура, најавени се за регионите Киев, Чернихив, Житомир, Суми, Харков и Полтава, како и за главниот град Киев.

„Поправките продолжуваат деноноќно. Ве молиме, не заборавајте штедливо да ја трошите електричната енергија. Ова ќе ни овозможи поретки редукции, но исто така ќе им овозможи на нашите инженери да се фокусираат на поправка на оштетените објекти, од кои зависи снабдувањето со електрична енергија на цели региони”, објави Укренерго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот